CRM за непрофитни организации

Научете како да користите CRM за да го зголемите своето социјално влијание На овој курс, ќе научите како да ја...

0
(0 oценка)
3 Студенти
Последен пат ажурирано март 8, 2023

Научете како да користите CRM за да го зголемите своето социјално влијание

На овој курс, ќе научите како да ја поставите и успешно да ја користите платформата CiviCRM за да ја поедноставите работата на својата организација и како дигиталното решение за управување со односите со заедницата може да ви го олесни животот.

Нашите ментори им помогнаа на преку 100 големи и мали организации успешно да ги имплементираат своите инстанци на платформата CiviCRM. Сега ви го претставуваме знаењето што ви е потребно за да го совладате целосниот потенцијал на CRM преку онлајн курсот што можете да го следите со свое темпо.

Зоштo? 

Во време кога се намалува просторот за дејствување на непрофитните организации, важно е паметно да ги користиме ресурсите што ни стојат на располагање. Наместо да поминуваме часови во пребарување на различни Excel табели, можеме да ги чуваме сите наши списоци со контакти, донации, билтени, пријави за настани и податоците што сме ги собрале – на едно место. 

A меѓу многубројните CRM oпции на светскиот пазар, CiviCRM се издвојува како решение кое e: 

  • Скроено според потребите на непрофитните организации 
  • Open Source и може да се адаптира на вашите специфични барања 

Што ќе научите? 

Преку повеќе од 35 видео лекции, како и додадени материјали и задачи, ќе ви помогнеме да ја поставите својата CiviCRM инстанца и успешно да ја интегрирате во својата работа преку: 

  • Испраќање на билтени
  • Организација на настани
  • Снимање активности и интеракции со корисниците
  • Креирање потсетници
  • Известување 
  • Автоматизација на процесот

Meнторство и поддршка 

Курсот можете да го следите со свое темпо во своето слободно време. Но не сте сами. Moжетe: 

  • Да очекувате повратен одговор од менторите  
  • Да закажувате консултации 1-нa-1 
  • Да барате и давате поддршка во заедницата на учесниците на курсот 

За кого е овој курс? 

За да можете на најдобар начин да го искористите овој курс, потребно е или веќе да имате своја CiviCRM инстанца, или барем да ја користите нашата демо инстанца. Доколку сте заинтересирани за демо – пишете им на нашите инструктори. 

Запишете се и зголемете ги капацитетите на својата организација со помош на CRM.

Admin bar avatar
Milica Antić Инструктор
Admin bar avatar
Marko Galjak Инструктор
Admin bar avatar
Milica Antić Инструктор
Admin bar avatar
Milan Tešić Инструктор