Proaktor e e-learning платформа наменета за непрофитниот сектор на Западен Балкан
Веруваме дека непрофитниот сектор е еден од клучните двигатели на општествените промени. Истовремено, дигиталната трансформација, сè поголемата потреба од вклучување на заедницата и сложените барања на донаторите поставуваат нови предизвици пред организациите.
Затоа Proaktor настана како место за стекнување практични и применливи знаења. Преку онлајн курсеви и едукативни содржини, им помага на организациите и поединците ангажирани во непрофитниот сектор да ја унапредат својата работа и да поканат промени во своите заедници.
Proaktor е покренaт од фондацијата Catalyst. Од јули 2026 година, Catalyst и Civic Initiatives ги обединуваат своето знаење и искуство за заеднички да ја одржуваат и развиваат платформата и да понудат уште посилна поддршка за организациите на цивилното општество. Оваа соработка го поврзува искуството на фондацијата Catalyst во развитокот на дигитални алати, филантропија и фандрејзинг со повеќедецениското искуство на Civic Initiatives во зајакнувањето на капацитетите на организациите, неформалните групи и активистите.
Catalyst Balkans
Learning hub
научи сè за градење на заедницата и фандрејзинг
Data hub
пронајди ја својата нишка во филантропскиот екосистем
CRM hub
изгради заедница околу својата цел
Fundraising hub
собери средства од поддржувачите
Transparency hub
покажи транспарентност и оствари доверба
Која е разликата помеѓу учењето со свое темпо и мешовитото учење
Нема резервации за датуми и нема вебинари во други временски зони. Курсевите се во видео формат, а самите видеа се поделени на кратки лекции кои може да се следат од која било платформа. Ова им овозможува на учесниците да учат кога и каде сакаат. Покрај видеата, курсевите вклучуваат и корисни придружни материјали, квизови и задачи кои обезбедуваат дополнителна интерактивност и можност за тестирање и примена на наученото.
Но, ова често не е доволно. Пристапноста за учење со свое темпо подразбира дека се откажуваме од повратен одговор, менторството и човечката интеракција што би ја имале во работилница во живо. Затоа на Proaktor користиме мешан пристап и го земаме најдоброто од двата света. Покрај следењето на курсевите, премиум корисниците имаат можност да закажат консултации со нашите ментори и да добијат повратни информации и совети во врска со курсевите, како и со реалните проекти на кои работат.