Маркетинг за непорофитни организации

Научи како да користиш маркетинг за да изградиш своја заедница   Во овој темелен курс за маркетинг за непрофитни организации ќе...

0
(0 ocenka)
1 student
Posleden pat ažurirano maj 12, 2022

Научи како да користиш маркетинг за да изградиш своја заедница  

Во овој темелен курс за маркетинг за непрофитни организации ќе научите како да применувате стратегии и тактики на дигиталниот маркетинг, како и конкретни алатки кои ќе ви помогнат да стекнете поддршка од заедницата и да ја постигнете вашата мисија.

Зоштo?

Непрофитната работа претрпува трансформација. Намалената поддршка од големите донатори и зголемените барања за транспарентност значат дека треба да се потпреме на нашата заедница. За ова е потребна ефективна комуникација. А кога ќе дојдете до потенцијалните поддржувачи и ќе ги вклучите во својата мисија, за возврат добивате:

  • Доверба и признавање во рамките на заедницата како и кај донаторите  
  • Moжност да собирате средства 
  • Можност да организирате успешни настани 
  • Шанса да дојдете до нови активисти, волонтери или корисници

Какo?

Во последниве две години, тимот за маркетинг и комуникации на Catalyst обезбеди едукација од областа на маркетингот на над 100 организации преку работилници, обуки и менторство. Сакаме да го претставиме знаењето што го подобривме во форма на сеопфатен онлајн курс кој вклучува:

  • 13 тематски секции кои ги покриваат сите теми релевантни за дигиталниот маркетинг 
  • Преку 70 кратки видео лекции
  • Задачи, квизови и дополнителни материјали 

Нашата поддршка и заедница

Курсот можете да го поминете со свое темпо, но не сте сами.

За да ве поттикнеме да бидете поактивни, ви даваме пристап до: 

  • Meнторски коментари на задачите  
  • Консултации еден на еден  
  • Meѓусебно советување и поддршка во заедницата на слушателите

Oвој курс е глобално единствен извор на знаења и маркетинг вештини прилагодени специфично на потребите на непрофитните организации.

Ќе научиш сè што треба да знаеш за:

  • Изградба на заедница
  • Развивање на маркетинг кампања
  • Пишување на содржини и SEO
  • Водење на социјални мрежи
  • Email маркетинг 
  • Facebook и Google реклами
  • Aналитика и оптимизација  

За кого e?

Здруженија, фондации, неформални групи, активисти, фандрејзери – сите кои се вклучени во градењето на заедницата, дури и ако немаат претходно знаење од областа на маркетингот.

Запиши се и научи како да се поврзеш со својата заедница.

Admin bar avatar
Luka Koković Instruktor
Admin bar avatar
Sofija Nikić Instruktor
Admin bar avatar
Ivana Minovic Instruktor