Proaktor e e-learning платформа наменета за непрофитниот сектор на Западен Балкан која ја води Catalyst Balkans
Сметаме дека непрофитниот сектор е предводник на општествените промени на Западниот Балкан. Но, во време на дигиталната трансформација, зголемената потреба за ангажман на заедницата и сложените донаторски политики, ја препознавме потребата за место каде што организациите ќе можат да стекнат употребливо знаење за унапредување на општеството во 21 век.
Ние водиме онлајн курсеви за професионалци од непрофитниот сектор, нивните заедници и корисници. Токму тука започнува општествената промена.
Proaktor е дел од Catalyst Balkans, регионална фондација посветена на податоци и ресурси за филантропија и непрофитна технологија.
Catalyst Balkans
Learning hub
научи сè за градење на заедницата и фандрејзинг
Data hub
пронајди ја својата нишка во филантропскиот екосистем
CRM hub
изгради заедница околу својата цел
Fundraising hub
собери средства од поддржувачите
Transparency hub
покажи транспарентност и оствари доверба
Која е разликата помеѓу учењето со свое темпо и мешовитото учење
Нема резервации за датуми и нема вебинари во други временски зони. Курсевите се во видео формат, а самите видеа се поделени на кратки лекции кои може да се следат од која било платформа. Ова им овозможува на учесниците да учат кога и каде сакаат. Покрај видеата, курсевите вклучуваат и корисни придружни материјали, квизови и задачи кои обезбедуваат дополнителна интерактивност и можност за тестирање и примена на наученото.
Но, ова често не е доволно. Пристапноста за учење со свое темпо подразбира дека се откажуваме од повратен одговор, менторството и човечката интеракција што би ја имале во работилница во живо. Затоа на Proaktor користиме мешан пристап и го земаме најдоброто од двата света. Покрај следењето на курсевите, премиум корисниците имаат можност да закажат консултации со нашите ментори и да добијат повратни информации и совети во врска со курсевите, како и со реалните проекти на кои работат.