Комплетен курс на фандрејзинг вештини за собирање на поддршка од заедницата и компаниите
Заедно ќе ги развиеме вашиот фандрејзинг модел, планот и текстовите преку лекциите кои ги следите со свое темпо и менторска поддршка.
Нашите инструктори и ментори стојат зад успешната crowdfunding платформа на Donacije.rs и до сега советуваа повеќе од 180 фандрејзинг и crowdfunding кампањи ширум Западен Балкан, собирајќи преку милион евра.
Во овој курс ќе научите:
- Кој фандрејзинг модел,платформа и алатки треба да ги користите
- Како да ја мапирате, изградите и проширите својата заедница на поддржувачи
- Како да планрате да спроведете фандрејзинг кампања
- Како да напишете убедлив фандрејзинг текст
Единствен курс + менторска поддршка + поддршка на заедницата
Немојте само пасивно да стекнувате знаење. Проактивно барајте коментари од инструкторот за вашите фандрејзинг планови и започнете вистинска фандрејзинг кампања.
Сите знаеме дека има многу шанси за обука – и во живо и oнлајн – каде луѓето ги објаснуваат основните концепти. Aко гуглате „fundraising courses” ќе ви излезат 15 илјади резултати. И овој курс е еден од нив, но освен нашата единствена методологија, која можете да ја усвоите кога и како што ви одговара, исто така добивате и:
- Повратен одговор на менторот на задачите
- Консултации еден на еден
- Советување и меѓусебна поддршка во заедницата на учесниците
Дали овој курс навистина е за вас?
Ако барате курс за пишување грантови кој ќе ви помогне подобро да пишувате предлози за проекти за институционални донатори како општини, министерства, амбасади и развојни агенции – вие сте на погрешно место. Во овој курс, ние се фокусираме на фандрејзинг од заедницата, што бара сосема поинаков сет на вештини и поинаков пристап.
Овој курс е за сите вас – волонтери, активисти, организатори на своите заедници, вработени и донесувачи на одлуки во непрофитни организации – кои создавате добро во општеството и сакате да ја мобилизирате и монетизирате својата заедница. Единствената методологија што ја користиме е скалабилна и ќе ви помогне, без разлика дали сте почетник или веќе имате искуство во фандрејзингот и сте заинтересирани за иновации и нови пристапи.